Искршена таблата на бугарскиот фашистички клуб „Цар Борис III“ во Охрид

Таблата со името на Цар Борис Трети поставена во истоимениот бугарски фашистички клуб во Охрид во петокот, денеска е искршена од засега непознати сторители

Случајот го потврдуваат од охридската полиција од каде велат дека попладнево е пријавено оштетување на таблата со името на здружението над просторијата на клубот. Полицијата врши увид и ќе разгледува дали во околина има безбедносни камери за да провери дали може да го најде тој што ја скршил таблата на здужението.

 

Ова е втор инцидент со оштетување на бугарски фашистички клуб, по случајот и со клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, чија влезна врата беше запалена неколку недели по неговото отворање во мај.. За овој случај веќе првостепено осуден е пејачот Ламбе Алабаковски на 6 месеци условна казна…

Во момнетов пред Централниот регистар се води постапка за отворање и на трет клуб во Богданци, кој треба да го носи името на бугарскиот Цар Фердинанд, таткото на Цар Борис… Тоа ќе биде и првиот тест за ад-хок телото што го формираше владата за историските личности, додека не биде донесен нов закон за невладини…

 

Comments