КОЈ ЈА ЛИКВИДИРА СЛОБОДАТА НА ГОВОР ВО 21 ВЕК !?

КОЈ ЈА ЛИКВИДИРА СЛОБОДАТА НА ГОВОР ВО 21 ВЕК !?
РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Вчерашниот ден ни го „разубави“ уште една активност на службите на западниот протекторат „Северна“, кои заедно со демонкратите од социјалната мрежа Фејсубк и нивните локални испостави ги избришаа профилите на Зоран Јованчев, претседавач на претседателството и Владимир Трајковски, член на претседателството на Родина Македонија.
Без можност за жалба!

Родина Македонија за неполни три години од своето постоење доживеа полициски информативни разговори на членови на Претседателството поради протест за присилниот карантин на нашиот народ, кривични пријави, условни казни за членови на претседателството и други членови од по 2000 евра, две бришења на официјалната интернет страна, постојани блокади на фејсбук страната со преку 10000 следачи, прекини на видео подкастот „Родински разговори“, упад и бришење на содржина во телефони, итн…

Интересно е што тоа доаѓа од домашни и надворешни центри на кои „Слободата на говор“, „Правото на избор“, демократија, „Патот кон Европа“, „Еден е изборот“, им е како добро утро.

Родина Македонија сака да ја извести македонската јавност дека УДБА е жива и во 21 век, не поминала ниту лустрацијата, ниту е сопрено следењето на телефони, разговори, следење на македонисти, итн…

Имаме домашна задача, која е задача на секој родољубив Македонец, да ја устроиме нашата држава по високите македонски стандарди и принципи и вистински да ја демократизираме, да ја направиме нормално место за живеење на нашите деца.
За такво нешто потребно ни е хируршки да го отфрлиме канцерогениот дел од нашето народно ткиво, во кое е насобрана многу зла крв, гној и отров од луѓето кои не заслужуваат ниту да го метат дворот на нашата татковина.

Резултатот на живеењето со таков канцер во нашето тело е осиромашен и ограбен народ, раселен народ, прогони, затворени уставобранители, терористи во влада, погазени референдуми, загаден воздух, нефункционална држава, корумпиран суд, полиција, царина, нефунционална поданичка армија, образование без светски рејтинг, итн…

Поздрав и до демонкратскиот сопственик на Фејсбук и неговите локални испостави, со желба наскоро да се видиме во едни поинакви околности, кои се неминовни!

Воедно, сакаме да ја известиме македонската јавност дека е веќе оперативна македонската социјална мрежа colective.net, каде нема да бидете следени, ниту цензурирани, каде ќе имате слобода јавно да го искажете вашето мислење. Ве очекуваме на нашата, македонска мрежа каде ќе разменуваме идеи за Македонија!

Comments