ЈАВНА ДЕБАТНА ТРИБИНА на тема: „Ефектот на дестилирана вода (Aqua purificata) и Родина Македонија”

ЈАВНА ДЕБАТНА ТРИБИНА на тема: „Ефектот на дестилирана вода (Aqua purificata) и Родина Македонија”
КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДО

Малкумина знаат за ефектот на дестилирана вода врз екстремно жеден човек во неповолни услови. Имено, кога е многу жешко, ни паѓа многу тешко и бргу ожеднуваме бидејќи многу се потиме. Преку потта излачуваме Na, Ca, F, Mg, Cl и др. елементи, т.е минерали. А истите тие ни се неопходни за органелите во самите клетки, функции на клетките, органите и ткивата. Кратко кажано организмот без нив почнува да откажува за кратко време од (5-15 дена) зависно од условите. Дестилираната вода не содржи минерали, таа е 100% Н2О, најчистата вода воопшто. Но, ако човек во пустина пие дестилирана вода, при неповолни услови за живот, организмот бргу ќе откаже заради недостаток на минералите. И затоа организмот, иако без избор, се штити од консумирање на дестилирана вода. Имено, човекот интуитивно и физиолошки почнува да чувствува дека таа му штети и од неа се разболува.

Овој експеримент го правел Др. Менгеле врз здрави и свесни луѓе, кои после третиот ден дестилирана вода, бирале да пијат: застојана вода со жабокречина, каллива, дури и вода во која претходно уринирале нацистичките офицери.

Луѓето интуитивно ги бирале овие гадни води, наместо дестилираната!

Што мислите дали по истиот принцип голем дел од луѓето ги бираат КуртоМурто, затоа што чесните родољуби или конкретно Родина Македонија им е премногу чиста и филтрирана за нивниот ожеднет организам? Дали не се свесни дека Родина Македонија воопшто постои и се нуди како избор?
Или едноставно инстинктивно пијат помочана, каллива вода само да го задоволат исконскиот нагон за преживување?

P.S.
Слободно коментирајте и наведете и други опции. Постапете по библиските зборови „Помагајќи им на другите помогнете си себе си”.

Однапред ви благодарам.

Comments