Украина го зголеми извозот на електрична енергија за 2,5 пати, додека во земјата продолжуваат рестрикциите

Во тек е 270-тиот ден од руската специјална воена операција во Украина. Украинската армија истрела 12 проектили во близина на нуклеарната централа Запорожје. Пр

Во периодот јануари-октомври 2022 година, Украина ги зголемила приходите од извозот на електрична енергија за 2,5 пати или 326,9 милиони долари, во однос на истиот период минатата година - на 542,514 милиони долари, покажуваат податоците на Државната царинска служба, пренесуваат украинските медиуми. .
Интересно е што само во октомври приходот од извозот на електрична енергија бил 113,4 милиони долари во споредба со 26,36 милиони долари во октомври 2021 година.
Да потсетиме, на територијата на Украина веќе неколку недели се во тек рестрикции за електрична енергија, поради дефекти во електричната мрежа, предизвикани како резултат на руското гранатирање.

Comments