РЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА “СЕГА МУ Е МАЈКАТА” ДА ЈА ДОБЕТОНИРАТЕ „СЕВЕРНА“ НА ПАТОТ КОН ЕУ!?

Comments · 4608 Views

Но ќе дојдат и ДЕНОВИТЕ НА ГНЕВОТ И РАЗРЕШНИЦА, КОИ КАКО БУМЕРАНГ ЌЕ СЕ ВРАТАТ НА СИТЕ ВАШИ ПРОДАДЕНИ ПРЕДАВНИЧКИ ГЛАВИ !!! (Секоја чест на исклучоците)

РЕАКЦИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА
“СЕГА МУ Е МАЈКАТА” ДА ЈА ДОБЕТОНИРАТЕ „СЕВЕРНА“ НА ПАТОТ КОН ЕУ!?
За така наречениот ‘‘МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ‘‘, меморандум од 3 декември 2020 година, во Скопје, Македонија, со кој се огласија Македонската академија на науките и уметностите, Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ – Скопје . Документот е потпишан од претседателот на МАНУ, акакдемик Љупчо Коцарев, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, Неговото Блаженство Господин Господин Стефан и ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски.
Меморандумот започнува, ‘‘Во овие судбински денови за европската иднина на македонската суверена и самостојна Република, ние, легитимните претставници на…‘‘
Судбински денови!? Зошто овие денови се судбински!? Кој тоа процени дека токму овие денови СЕ‘ но и МОРА да бидат судбински!?
Токму Вие Господа ги премолчевте или ги прифативте сите досегашни предавства!? Да Ве потсетиме, Преспанскиот договор, Бугарскиот договор, Тиранската платформа , Уставните измени. Прифативте Бугарската црква да и биде мајка на Македонската православна црква, а ваму се величате со титулата Јустинијана Прима!?
Зошто!? За да дојдеме до овие ‘судбински денови‘!? Зарем мислите по нив нема да ни сервираат нови судбински денови!?
Зошто судбински денови не беа деновите кога се потпиша субверзивниот монструозен Преспанскиот договор!? Па Вие господа од МАНУ широкоградо го прифативте!?
Зошто судбински денови не беа кога се менуваше Уставот на Република Македонија, кога се смени вековното исконско генеричко име Македонија и доби срамна придавка, ерга омнес. При што се наруши базата на значењето на изворноста на зборот Македонија-Македонско- Македонци. Кога тектонски се разниша темелот на Македонската Државност АСНОМ!? Токму Вие никаде, подолу, не ни ја споменувате Република Македонија, а смислено се користите со некакви заобиколници.
Зошто судбински денови не беа деновите кога се потпиша и овој баксузен ‘‘добрососедски‘‘ договор со Бугарија!?
Зошто судбински денови не беа, кога ја премолчевте тн Тиранска платформа, која го доведе во прашање опстојот на државата и го понижи суверенот, македонскиот народ, со што албанскиот јазик стана изедначен и привилегиран во однос на македонскиот јазик !?
Зошто судбински не беа деновите на потпишување на срамниот капитулантски Охридски договор, тн рамковен, чија рамка се шири до бесконечни барања и аспирации!?
Зарем има ден кој не е судбински, за оваа наша земја, за оваа наша судбина, кога од сите страни сме заокружени со непријатели а најголемите крвници ни се внатре во нејзиното централно јадро!?
Дали не е дојдено времето да застанеме, да се запрашаме, каде тоа одиме, зошто, како, до кога !?
Посебно вие кои го пишувате и потпишувате овој меморандум, дали се уште не сфаќате или сте дел од оваа изопачена гнасна игра, дека токму евроатлантскиот пат и бесконечното повторување за немањето алтернатива не стави во оваква незавидна и безизлезна состојба, која во целост ја сруши и државата и нејзината сувереност!?
До кога ќе се лажеме сами себе дека, ТОКМУ СЕГА МУ Е МАЈКАТА ДА ЈА ДОБЕТОНИРАМЕ ‘‘СЕВЕРНА‘‘ НА ПАТОТ КОН ЕУ!?
Колку такви предавнички моменти преживеавме!?
Како беше онаа шарена лага од 2004 година, ‘‘Часовникот врти, ако сега не помине Терторијалната распределба во прашање е евроатлантскиот пат‘‘!? Уште колку овакви лаги, понижувања , касапења треба да поминеме за влез во фамозната ЕУ. Кога логиката од другата страна ни вели, ‘‘Нема влез следните 20 години, најмалку‘‘, а тоа ни го плеснуваат в лице, токму тие кај кои одиме!
Тоа ли се, ова ли се тие судбински денови!?
Не се ова судбински денови!?
Ова се денови, поточно години, на искушението!?
Но ќе дојдат и ДЕНОВИТЕ НА ГНЕВОТ И РАЗРЕШНИЦА, КОИ КАКО БУМЕРАНГ ЌЕ СЕ ВРАТАТ НА СИТЕ ВАШИ ПРОДАДЕНИ ПРЕДАВНИЧКИ ГЛАВИ !!! (Секоја чест на исклучоците)
Родина Македонија, како повикана политичка партија да го подржи овој меморандум, во целост се оградува од оваквиот став на потписниците, дека ова е судбински момент на итна разрешница на веќе смислени и намерно инструирани состојби. Смета дека досегашниот цврст евроатлантски курс, на сите досегашни власти во Република Македонија, е недоследен и крајно опасен во однос на опстанокот на државата. Патиштата на развојот на едно општевство секогаш треба да се определени, но и разнолики и со повеќе можни алтернативни решенија кои ни се нудат и ни се широко отворени. Посебно сега, токму во оваа економска и здравствена криза да се потенцира непотребно распродавање на македонскиот идентитет, ниту е потребно, ниту хитно, ниту нам ќе ни користи, напротив! Всушност е многу опасно и преставува непримерно манипулирање и дезавуирање на народот, односно бегање на власта од вистинските проблеми. Стварање на нови проблеми кои треба да ги надвладеат постоечките, всушност имаат цел да предизвикаат целосен општевствен колапс.
Крајно време е оваа намесничко-предавничка власт да се откаже од владеење, да даде простор на една НАРОДНА ЕКСПЕРТСКО ТЕХНИЧКА ВЛАДА, која ќе биде способна состојбите да ги донесе на задоволувачки позитивен курс.
Comments