ЗАШТИТНИЧКАТА НИКАНИЈА ИЛИ БОЖИЦАТА АПТЕРОС – НИКЕ

КОЛУМНА: TOMЧЕ ШИРКОВ, ЧЛЕН НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА РОДИНА МАКЕДОНИЈА

Можеби сте слушнале за Викторија „божицата” на победата? А сигурно сте слушнале за Нике „старогрчката” божица на победата. Старогрчки е многу проблематичен термин. Стари Грци има само во старечките домови во Атина и по некој во центрите за нега на Скијатос и Санторини. Но, тоа е друга тема…

Да се вратиме на Нике, тоа е Ник (псевдоним) на „божицата” Аптерос, таа била гласничка на Зевс и била раскошно облечена со свила и пурпур, го заведувала Зевс. Практично таа е преставена како конкубина, да не речам калаштура, со нормална големина на жена.

За разлика од неа, македонската самовила Никанија била заштитничка на Родот и НаРодот. Се разбира народот на Македон. Таа била вила од проста причина што Македонците верувале во еден возвишен или Севишен Бог кој се викал така Севишну (Севишниот) или подоцна Иле-Богот на светлината. И тој имал помошници: ангели, архангели, вили самовили. Никанија била невидлива, но многу моќна вила на ЗАШТИТАТА, таа се појавувала само пред царот и на советот на старци еднаш на сто години. Кога се појавувала била проѕирна како вода и со големина на гулабица. Така вели легендата.
Никанија го добила името оттаму што таа се појавувала кога таа сака или кога Севишниот ќе ја испрати, а не можела да биде измолена или поткупена со покани и жртви. Затоа се велело: „Ни кани ја, ни моли ја, ако е пишано сама ќе ти се јави”.

И така таа му се јавила на сон на Архелај пред да го направи походот кон Херкуловите столбови (Шпанија-Гибралтар). Му се јавила на Филип пред да ја уништи Тесалија и да ги расели Тесалијците. Оттаму доаѓа името на Солун. ТесалоНика, онаа која ја донесе победата над Тесалонијците. Во чест на таа победа Филип го изградил градот Тесалоника. Му се појавила и на Александар кога му кажала дека може да ја освои Азија. И не само што му се јавила, туку за прв пат му стоела на рамото и дланката.
И ден денес во македонскиот јазик НИ-КА има слично значење. Ни е префикс за Ние, А Ка е префикс за сѐ што штити нешто или заштитува. Пример: Капак, Капија, Кацига, Капа, Катанец, Кардан.

П.С.

На сликата е Александар кога бил прогласен за Василевс – Восили (Император), како ја носи Никанија на дланка.

Comments