Почнува конфликтот меѓу Франција и Германија! - Макрон „бесен“, поради одлуката на Германците!

Францускиот претседател Емануел Макрон беше „бесен“ поради шемата за енергетска помош од 200 милијарди евра усвоена во Германија.

„Одлуката за одложување на традиционалните владини консултации сигнализира зголемен јаз меѓу државите на ЕУ во енергетската и воената сфера“, рече Хенри Самуел, автор на статијата.

„Шпигел“ пишува и дека во Париз иритирало тоа што француските власти не биле однапред информирани за пакетот помош од 200 милијарди евра поради енергетската криза.

Претходно беше соопштено дека средбата меѓу владите на Франција и Германија е одложена.
Шефот на француското Министерство за финансии, Бруно Ле Мер, објасни дека причината е зафатеноста на учесниците, а не политичките разлики.

Според него, средбата е поместена за јануари.

Се истакнува дека консултациите меѓу владите на Германија и Франција се закажани за следната недела.

 

 

 

Comments